Кијану Ривс моментално е зафатен со снимање на филмот „Матрикс 4“ во Берлин. Додека се навикнавме на него со долга коса и брада, ала Џон Вик, се чини дека тие денови завршија.
Фановите на „Матрикс“ треба да се подготват, бидејќи оваа нова фризура ќе ги направи многу среќни, пишува британски „Дејли експрес“.
Повеќето фанови ќе се потсетат на Ривс кога почна да го глуми Нео во „Матрикс“. Тој немаше брада и обично имаше пократка коса. Според магазинот „Пипл“, тој се вратил на тој изглед, но неговата фризура сега е супер кратка. Дали ова може да значи дека тој се буди во реалниот свет по втор пат?