Ерменските власти денеска соопштија дека азербејџанските безбедносни сили извршија воздушен напад врз градот Мартакерт, северно Нагорно-Карабах.
Претходно, Владата на Ерменије соопшти дела биле гранатирани градовите Степанакерт, Шуши и Мартакерт со ракетниот систем Смерч.
Во текот на изминатата ноќ, азербејџанските сили извршиле пет напади врз главниот град на Нагорно-Карабах, Степанакерт.
Во меѓувреме, ерменското Министерство за одбрана соопшти дека Азербејџан предал тела на 30 војници загинати во борбите во Нагорно-Карабах, истакнувајќи оти и Ереван е подготвен да ги предаде телата на загинатите азербејџански војници.
Судирите во Нагорно-Карабах почнаа на 27 септември помеѓу ерменските и азербејџанските сили. Досега се прогласени три примирја, на 10, на 17 и на 26 октомври, но сите се неуспешни и продолжуваат судирите.