Новинарот на ЕСПН, Адал Франко објави дека Мексиканскито возач во Формула 1, Серхио Перез кој оваа сезона вози за Рејсинг Поинт, е близу до трансфер во Ред Бул.
– Морам многу внимателно да ве известам за информациите што ги добив. Додека немам целосна потврда, што не ми дава целосна самодоверба, но според моите информации, трансферот на Серхио Перез во Ред Бул изгледа неизбежен. Ми велат дека шансите да се случи транзицијата се проценуваат на 90 проценти, напиша Франко на Твитер.
Перез во моментво е на 6. место во поединечна конкуренција на Формула 1 од сезоната 2020, со 74 бода.
Мексиканецот ќе стане слободен агент на крајот од шампионатот, а неговото место на Рејсинг Поинт од 2021 година ќе го заземе Германецот Себастијан Фетел.