По изјавата на македонскиот фудбалски селектор Игор Ангеловски-Мрме за ситуацијата со неиграњето за државниот тим на Дејан Кулушевски, кој е Македонец со шведски пасош и одбра да настапува за скандинавската репрезентација и за неповикувањето на Адис Јаховиќ иако има забележителни настапи во турското првенство, се огласи напаѓачот на Анталијаспор преку социјалните мрежи да ја кажа својата верзија оти не е меѓу „црвено-жолтите“ од 2017 година па наваму.
-Не знам дали да се смеам или да плачам од вакви изјави. Зошто немаат мадиња да ја кажат вистината, од што се плашат, да изгубат раце или лице? Зошто не кажеш зошто не сум повикан во репрезентацијата по промашениот пенал против Израел, па по една година пак ме повикуваш? Зошто после повик не ме стави во игра, ако сум ти кажал дека не сакам да играм повеќе за репрезентацијата?
Заборавив дека имаш свои играчи или ти било наредено тоа во тоа време. Зошто не добив премија од 750 евра за натпреварите со Италија и Лихтенштајн, кај се тие пари, во кој џеб заминаа? Така да, немој да даваш изјави само за да се оправдуваш. Погледни ја мојата статистика во последните 4,5 години, нема што да се каже..“.
„Адис се откажал од репрезентација? Па и Горан Пандев се откажа од репрезентацијата, па отиде да го молиш да се врати назад, зошто? Нормално дека ќе одиш, затоа што тој е најдобар наш фудбалер на сите времиња и дека ни е потребен во репрезентацијата“.
„Правилно си направил, така треба. Јас не сакам да се споредувам со него затоа што ниту еден од Македонија не смее да се споредува со Гранде Горан Пандев, а дали мене ми се јави некогаш да прашаш дали Адис Јаховиќ си променил мислење да се вратиш назад, затоа што и требаш на селекцијата?
„Нема ниту еден играч во светот кој не сака да игра за својата земја. Јас кариерата не ја направив со тоа да сум нечиј играч во репрезентацијата, јас со мојата работа и голови дојдов до овде каде сум и во репрезентација дојдов на мои 26 години со мојата статистика, работа и голови. Последната моја изјава беше дека ако сум потребен на репрезентацијата и мислат дека можам да помогнам, секогаш сум тука за мојата Македонија. А, да ме повикаат за да се исперат пред други, или некои други работи во позадина, не ме барајте за тоа. Фала многу и среќно, стои во обраќањето на Јаховиќ на Инстаграм.