Пингвин женка од Зоолошката градина во градот Одензе, Данска, по име Олде, влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстариот пингвин во светот откако доживеа 41 година.
Видот, кој потекнува од Антарктикот и околните острови, обично живее само триесет години. „Целата зоолошка е горда на тивката и мирна Олде”, коментираат одговорните лица.
Поради возраста, Олде сега има малку поинаков третман во споредба со другите пингвини. На пример, нејзината риба се служи одделно за да не мора да ја дели со помладите пингвини