Мицкоски: Бесплатно тестирање еднаш во месецот за сите здравствени работници кај кои постои најголем ризик да заболат

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку Фејсбук побара бесплатно тестирање на здравствените работници.

-Во време на Ковид пандемија , во насока да ги заштитиме тие што се грижат за нашето здравје и спасуваат животи, предлагам Владата и Министерството за здравство, да овозможи и организира, бесплатно тестирање еднаш во месецот за сите здравствени работници кои имаат потреба и кај кои постои најголем ризик да заболат. Поради специфичноста на нивната професија, тие се принудени по неколку пати во месецот да плаќаат за тестирање, бидејќи термини за тест преку матичен доктор нема, не дозволува системот или првиот слободен термин е многу доцна. Да ги заштитиме здравствените работници, нивните семејства, а со тоа да ги заштитиме и пациентите кои имаат потреба од здравствена услуга, напиша Мицкоски.

 

Треба да знаете
Последни објави