(Видео) Гомез ја затресе мрежата на ПСВ од 56 метри !

Шпанскиот фудбалски интернационалец од редовите на кипарската Омонија, Жорди Гомез (35), го постигна единствениот гол за својот тим во поразот од ПСВ (1:2), во 2. коло во Лига Европа.

Ветеранот од Шпанија, постигна спектакуларен гол во 29 минута од натпреварот за водство на својот тим  од 1:0, кое фаворизираниот гостин од Холандија успеја да го анулира и да стигне до победа. Топката пред да заврши во мрежата на ПСВ по досудениот прекршок сеуште беше во движење, но Гомез го забележа празниот гол на гостите бидејќи голманот беше излезен далеку од голманскиот простор, и се одлучи веднаш од својата половина да ја упати кон мрежата. Статисртичарите пресметаа дека топката до голот патувала 56 метри.

Според овие пресметки Гомез го постигна голот од најголема далечина во историјата на Лига Европа. Тој го урна рекордот на Кемар Рофе, кој минатата недела погоди од пола терен за триумф на Ренџерс против Стандард.

Гомез во Омонија пристигна во 2018 година, претходно шест сезони го носел дресот на Виган. Во кариерата играл и во Еспањол, Сандерленд, Блекбурн, Рајо Ваљекано и Левски од Софија.

https://youtu.be/uVi8lNgAyso

Треба да знаете
Последни објави