Изменет времен режин на сообраќај е воведен од денеска на патот Кичево-Охрид поради градежни активности на делницата помеѓу селата Климештани и Мешеишта, како и на делницата Пресека-Песочан, кај село Врбјани.
Автомотосојузот на Македонија соопшти дека ГП Викторија Инвест од денеска започна со изведување градежни работи на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата помеѓу с. Климештани – с. Мешеишта, каде ќе има изменет времен режим на сообраќајот, кој ќе трае се до завршување на активностите.
На делницата Пресека -Песочан, пак, од седум часот изутрината, ГП Илинден Струга стартуваше со градежни работи (асфалтирање на риголи поради што има изменет времен режим на сообраќајот. На местата на градежните активности ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.