Јувентус и Сари разговараат за предвремениот раскин на договорот, тренерот добиваше 5,5 милиони евра годишно

Раководството на италијанскиот фудбалски шампион Јувентус започна преговори за раскин на договорот со својот поранешен тренер Маурицио Сари, кој беше сменет во август по испаѓањето во осминафиналето од Лигата на шампионите против Лион.

Досега страните не можат да се договорат околу висината на надоместокот за 61-годишниот стручњак, објави новинарот Николо Скира.

Договорот на Сари со Јувентус е сè уште валиден и е со трајност до летото 2022 година. Тренерот заработуваше 5,5 милиони евра во клубот по сезона.

Според Скира, спротивно на гласините, Сари не разговара за ангажман со Фиорентина и е задоволен од платата од Јувентус што му е загарантирана уште една и пол година.

Треба да знаете
Последни објави