Француската манекенка и актерка Тина Кунаки (23) на Инстаграм објави нови фотографии од плажите во Бразил, на кои позира со својот 30 години постар сопруг, славниот француски актер Винсент Касел (53).
Имено, убавицата објави фотографии од Рио Де Женеиро, на кои го покажа своето згодно тело, но и колку е среќна во бракот.
23-годишната манекенка позираше во секси црвено бикини, и го истакна прекрасното деколте.
Нејзиниот сопруг пред неа, беше во брак со една од најубавите жени во светот актерката Моника Белучи, со која беше во брак од 1999 до 2013 година и со која има две ќерки Дева и Леони.
Винсент и Тина објавија дека очекуваат дете само неколку месеци по венчавката во Бидарт во југозападна Франција во август 2018 година, а сега живеат во Бразил…
Преземено од Вечер