Млад 24-годишн играч на НФЛ тимот Бафало Билс, Дамар Хамлин се наоѓа во критична состојба откако доживеал срцев удар на теренот за време на натпреварот против Синсинати Бенгалс. Хамлин паднал за време на мечот, по што медицинските лица брзо влегле во теренот и започнале интервенција за негова реанимација.
По лекарската интервенција, Хамлин со брза помош бил префрлен во болница. НФЛ подоцна објави дека натпреварот е одложен.
-Дамар Хамлин претрпе срцев удар по погодокот на нашиот натпревар против Бенгалс. По реанимацијата на теренот, срцето повторно почна да му чука и префрлен е во медицински центар на понатамошни прегледи и лечење. Во моментов е под седативи и се наоѓа во критична состојба, соопштија од клубот.
https://twitter.com/i/status/1610155817839517696