Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека сè уште не е донесена конечна одлука каде ќе ја помине изборната ноќ.
Њујорк Тајмс објави дека Трамп се откажал од плановите да се појави во хотелот „Трамп Интернешнл” во Вашингтон и веројатно ќе ги следи изборите од Белата куќа.
Трамп на изборите на 3 ноември се соочува со демократскиот кандидат Џо Бајден.