Караџовски предупредува: Ковид 19 е опасно заразување, да не се занесуваме

„Да имаше толку хоспитализирани и починати колку што имаме периодов, ниту една држава нема да може да се справи со сместувачки капацитети за пациентите. Ова е опасно заразување, да не се занесуваме. Сите сме во опасност, постарите генерации се поизложени, но може да почине и човек без хронично заболување.“- зборуваше Жарко Караџовски од Комисијата за заразни болести на телевизија Канал 5. Во контекст на намалување на заразата здравствените власти донесоа нови мерки чии резултати од почитувањето ќе се знаат за три до четири недели. Според Караџовски само доследно почитување на мерките може да се очекува намалување на бројот за заразени. Кога во април и мај се намали бројката на заразени, а здравствените власти ги намалуваа мерките народот мислеше дека е готово, пандемијата заврши. Ние никогаш не сме рекле дека завршила пандемијата. Оттогаш наваму се менуваа работите и сега имаме страшни бројки.“- изјави Караџовски. Тој уште еднаш посочи дека ако се внимава со кого се контактира и ако се носи маска и дистанца тогаш вирусот може да се избегне. „Носете маски, почитувај мерки, внимавај со кого седнуваш на работа, со кого контактираш дома, ако сето ова принципиелно се почитува тогаш е полесно да му се спротивставиме на вирусот.“- изјави Караџовски на Канал 5.

Треба да знаете
Последни објави