Караџовски до граѓаните: Чувајте не нас, за ние да ве чуваме вас
На крајот од гостувањето во емисијата „Само интервју“, Жарко Караџовски од Комисијата за заразни болести во емотивна порака до граѓаните повика на внимателност и почитување на мерките, затоа што другата опција е погубна.
„Нашите капацитети се ограничени, нашите епидемиолози и инфектолози се ограничени, не можеме да измислиме нови. Затоа да се чуваме секој поединечно, а со тоа и колективно. Ќе ги повикам сите граѓани- чувајте не нас за ние да ве чуваме вас. Само така е можно да се справиме со вирусот. Не слушајте секого, има лекари, има комисија, има мерки…
Тој уште еднаш повтори дека најважно е сега носењето маски, држењето дистанца, миењето раце и избегнувањето групи. Ако ова се почитува тогаш можеме да очекуваме намалување на бројките.