Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека на пет лица повредени во земјотресот им била извршена операција, а осуммина се на интензивна нега. Ердоган додаде дека телефонски разговарал со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, додавајќи дека грчката влада е подготвена да испрати помош за Турција.
Земјотрес со јачина од 7 степени го погоди Егејското Море јужно од градот Измир на западниот брег на Турција.Земјотресот се почувствувал сè до Истанбул. Досега е потврдено дека загинале 14 лица, а повеќе од 400 се повредени. Двајца тинејџери загинале во Грција, когаа врз нив се срушил ѕид кога се враќале од училиште.