На 30.10.2020 во 20,00 часот на граничниот премин „Табановце” од полициски службеници бил приведен Л.А.(25) од Р.Албанија за кого, при пасошка контрола, било утврдено дека употребил патна исправа на друго лице – Л.Н.(30) од Р.Албанија, а од причина што во неговата патна исправа имал забрана за влез во земјите во ЕУ. Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Куманово, за понатамошна постапка.