Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со контра реакции на министерот за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, кој денеска изјави дека Македонија нема право да гради национален идентитет заснован на грди фалсификати.
-ГИ ЗАВРШИВТЕ ЛИ БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ ?!Денешната бугарска политичка елита работи на штета на македонско-бугарските односи. Предизвикуваат катастрофа рамна на онаа на отсуството на било каква помош од Бугарија за Илинденското востание…Живеат во време на комунизмот, зошто нивниот кнез во деветнаесетиот век бил понапреден од тоа што се тие денес… Славниот кнез и цар на Бугарија Фердинанд Саксобурготски во 1896 година ќе го каже следното: „Во Македонија, главната маса од населението ниту се Бугари, ниту Срби, туку Словени и христијани, кои зборуваат јазик подеднакво далечен или ако сакате подеднакво близок на српскиот и на бугарскиот јазик, но, јазик, кој е посебен дијалект, ако не и посебен јазик. Наместо да се караме околу тоа, дали тој е дијалект на српскиот или бугарскиот јазик, ние треба заеднички да работиме и тоа овде кај нашиот заеднички „татко“, кај Султанот, за да им даде на своите верни поданици во Македонија такви реформи кои ќе им осигураат човечки живот и културен развиток… Ако тоа се реши, културата на Македонците ќе го реши прашањето кое што никоја сила не може да го реши, па дури ако Србите и Бугарите поради тоа ја фрлаат на коцка својата државна егзистенција“, напиша Димовски на Фејсбук.