Од почетокот на коронакризата, но и претходно, Владата предводена од СДСМ презема сериозни чекори за унапредување на здравствениот систем и за зајакнување на неговите капацитети. Со заем од Светска Банка обезбедени се 33 милиони евра за опремување на сите одделенија за интензивна опрема со нова, современа медицинска опрема.
Со ребаланост на Буџетот кој е во собраниска процедура, се издвојуваат 54 милиони денари за награда на сите здравствени работници кои се вклучени во третманот на пациентите заболени од Ковид 19 вирусот, соопшти Сашко Николов, пратеник од СДСМ на денешната прес конференција.
Овие средства ќе се наменат за вработените во Ковид центрите во Скопје и во болниците во останатите градови низ државата.
Овие 54 милиони се дел од вкупно 243 милиони денари што Владата ги издвои за здравството, додека останатите ќе бидат распределени за набавка на лекот Ремдесивир, како и за набавка на вакцини, за тестови за ковид 19 и за потребите на Јавните здравствени установи.
Деновиве сведочиме и на тоа што значи солидардност и какви продобивки носи членството во НАТО. Нашета јавно здравство од НАТО алијансата доби 60 респиратори и друга итна медицинска опрема во вредност од 1,4 милиони евра.
Состојбата со коронавирусот е сериозна. Затоа како одговорна партија постојано инвестираме во нашиот здравствен систем кој со месеци е во борба со пандемијата на КОВИД 19.
Во таа насок продолжуваме и со ребалансот на Буџетот за 2020 година, но и во иднина. Уште во следната година следува покачување на платите во здравството за 10 отсто. Нашата намера е платите во јавното здравство до 2024 да бидат за 40 отсто повисоки од денес, преку зголемување од 10 отсто секоја година.
Уште еднаш упатувам апел до сите, целосно и доследно да се посветиме на почитување на мерките за заштита од коронавирусот, да го заштитиме нашето здравје, но и да им олесниме и на здравствените работници.