Во Бугарија, во изминатите 24 часа, Ковид-19 е потврден кај 1.803 лица од 7.259 тестирани, а 25 пациенти починаа. Стапката на позитивност е 24,84 проценти, според официјалните податоци.
Хоспитализирани се 2.612 пациенти, од кои 166 се на интензивна нега. Од почетокот на пандемијата, 52.844 лица биле заразени, а 1.279 починале во Бугарија.