Кошмарите, како и соништата, се начин – како мозокот ги процесира и обработува информациите и настаните коишто се случиле во текот на денот.
1. Паѓање на тест
Овие соништа често се случуваат и кај луѓе кои, на пр., одредено време биле отсутни од училиште… Во сонот, не може да го положите испитот, не можете да ја најдете просторијата за тестирање или едноставно, се чувствувате неподготвени за тестот. Овие соништа значат дека очекувате да бидете тестирани во блиска иднина во вашиот живот и се чувствувате како да не сте подготвени за тоа. Сонот можеби и ќе ве натера да бидете поподготвени за она што следи.
2. Гол /-а пред луѓе!?
Стоите на јавно место полно луѓе, кога одеднаш сфаќате дека сте целосно гол /-а. Кошмарот е често придружуван од поголема „публика” целосно облечени луѓе, кои понекогаш и се смеат. Ова обично означува страв од откривање пред другите, т.е. нешто криете…
3 Паѓање или давење
Соништата каде што човек паѓа во воздух, се дави во вода или тоне во жив песок, го претставуваат чувството на несигурност или недостаток на поддршка во вашиот живот. Тоа особено се однесува на луѓето кои во одреден миг се соочуваат со нешто навистина големо во животот.
4. Некој Ве брка?!
Ова е уште еден многу чест сон. Човекот сонува дека бега од чудовиште или убиец. Овој сон значи дека некој прави да се чувствувате многу непријатно, па дури и загрозено. Веројатно, може да дознаете која е таа личност во вашиот живот споредувајќи одредени својства и одлики на чудовиштето со луѓето кои се околу Вас.
5. Да се биде изгубен, заробен или погребан
Овие соништа обично укажуваат на фрустрации што можеби ги чувствувате во вашето јаве. Тие би можеле да се изедначат со ќорсокак во некоја работа, со некој што ве кочи во напредувањето во кариерата или пак, врска во којашто можеби се чувствувате заробени. Можеби се соочувате со ситуација во која немате избор, или пак, со тешкотии да донесете некоја одлука.