Во последните 24 часа во Хрватска се забележани уште 1.165 нови случаи на заразени од коронавирусот, а починале 32 лица што е најголемата бројка досега на дневно ниво, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита. Бројот на активните случаи во Хрватска е 14.734. Од нив 1.127 се пациенти на болничко лекување, од кои 94 се на респиратори.
Од 25-ти февруари, кога во земјата е регистриран првиот случај на зараза со новиот коронавирус, досега се потврдени 52.660 лица заразени со вирусот, од кои починале 594 луѓе.
Вкупно закрепнале 37.332 лица, од кои 2.293 во последните 24 часа. Во самоизолација во моментов во целата Хрватска има 25.925 лица.
Хрватските здравствени власти во текот на целата епидемија тестирале вкупно 507.163 луѓе, од кои 5.115 во последните 24 часа.