Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите, намалени цени на горивата.
Од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 1,95 отсто.
Така, цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат по половина денар, па еден литар од овие горива ќе чини 58, односно 60 денари.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за еден денар, па литар дизел ќе чини 49,50 денари.
Од Комисијата истакнуваат дека намалувањето е во согласност со методологијата која се користи за пресметка на цените.