Германската министерка за одбрана, Анегрет Крамп-Каренбауер, е во домашен карантин поради лице во нејзиното непосредно опкружување кое е заразено со коронавирус.
Според соопштението на Министерството, Крамп-Каренбауер била известена дека едно лице од нејзиното непосредно опкружување се заразило со коронавирус, со кого имала контакт пред осум дена.
Апликацијата за предупредување од коронавирус во неделата ја предупредила Крамп-Каренбауер за болеста на лицето со кое таа била во контакт.
Таа била негативна на тестот што бил спроведен по тоа предупредување, но како мерка на претпазливост, таа била во самоизолација следните шест дена.