Хоти побарал од БиХ да го укине визниот режим за косовските граѓани

За време на телефонски разговор со шефот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ, косовскиот премиер Авдулах Хоти побарал Босна и Херцеговина да го укине визниот режим за косовските граѓани.

Во соопштението од Кабинетот на премиерот се наведува дека Хоти исто така изразил и подготвеност на Владата на Косово за отворање канцеларии за врски меѓу двете земји.

-Премиерот Хоти му се заблагодари на г. Џаферовиќ за неговата иницијатива за признавање на Република Косово од Босна и Херцеговина, притоа барајќи продолжување на неговата заложба за укинување на визниот режим за граѓаните на Косово што е можно поскоро, со цел да се постигне слободно движење на луѓето, „стоки и капитал меѓу двете земји“, се вели во соопштението.

Прашањето за признавање на независноста на Косово беше на ставено на дневен ред пред трипартитното претседателство на Босна и Херцеговина повторно во октомври, но оваа точка подоцна беше отстранета од дневниот ред поради недостаток на консензус.

Бидејќи Босна и Херцеговина не ја признава независноста на Косово, овие две земји применуваат визен режим за граѓаните од двете страни.

Треба да знаете
Последни објави