Во Албанија продолжува високиот број на новозразени со Ковид-19, се зголемува и бројот на починати и оздравени, но загрижува растот на случаите на кои им е потребно болничко лекување.
-Во последното деноноќие од направените 1.446 тестови вирусот е дијагностициран кај 321 од нив, што е 22,2 отсто од тестираните. Во исто време битката со опасниот вирус ја загубиле девет лица, од 44 до 84-годишна вораст, додека ја добија 121 лице, информираше Министерството за здравство и социјална заштита.
Се додава дека она што посебно загрижува е и зголемениот број на оние на кои им е потребно болничко лекување. Моментно во трите ковид болници се хоспитализирани 328 пациенти, од нив 12 се на интензивна терапија додека петмина се интубирани.
Од почетокот на март, кога беа регистрирани првите случаи со Ковид-19 досега направени се 126.692 тестови, позтивен резултат е добиен кај 21.523(над 17 отсто од тестираните), оздравеле 11.367, починале 527, активни на болеста се 9.529 лица.
Од активните случаи најголемиот борј се во Тирана или 4.896, потоа во Драч 879, Фиер 731, Корча 595 и Скадар 539.
Во меѓувреме министерката за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу за 2021 година најави најголем буџет до сега за здравството. Парите издвоени за здравствениот сектор ќе бидат 8,25 отсто повисоки споредено со лани или дури 55,36 отсто споредено со 2013 година.