Во светот досега од коронавирус заболеа над 47 милиони луѓе или поточно 47.027.578, е објавено денеска на интернет-страницата на „Ворлдометерс“.
Според податоците на оваа страница, од Ковид-19 починале вкупно 1.207.785, а оздравеле 33.879.161 лице.
Од вкупниот број заболени во моментот, еден процент, или 85.752, се во критична состојба.
Најмногу заболени има во САД, Индија и во Бразил, а повеќе од еден милион заболени регистрирале и Русија, Франција, Шпанија, Аргентина, Колумбија и Велика Британија.
По бројот на смртни случаи, САД се исто така на првото место, а следуваат Бразил и Индија.
Во Европа најмногу заразени има во Русија и Франција, а во регионот Романија и натаму е на првото место.