Европа остро го осудува овој кукавички чин, злосторство врз животот и човечките вредности, рече претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
Веднаш по вечерашниот терористички напад во Виена, Мишел од својот профил на Твитер испрати сочувство до жртвите и граѓаните на Виена.
– Ние сме со Австрија, порача Мишел.
За време на вечерашниот напад во центарот на Виена загинаа еден минувач и еден напаѓач, а повеќе лица се повредени.