Времето ќе биде променливо облачно, во источните делови со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Умерено до значително облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Дневната температура до среда ќе биде без поголеми промени, а од четврток ќе се намали за неколку степени.