Бројот на загинати во силниот земјотрес што го погоди Егејскиот регион на Турција се искачи на 102, соопшти денеска Управата за вонредни ситуации на Турција (АФАД), јави агенцијата Анадолија.
АФАД соопшти дека вкупно 143 лица се на лекување, односно од 1.026 повредени лица, 883 луѓе се отпуштени од болница.
Активностите за пребарување и спасување во Измир се завршени во 12 од 17 згради, продолжуваат во уште пет згради.
Земјотрес со јачина од 6,6 степени во петокот го погоди Измир, третиот по големина град во Турција, каде живеат околу 4,37 милиони луѓе.