Ребалансот на Буџетот за 2020 обезбедува силна поддршка за справување со здравстените и економските последици предизвикани од пандемијата со коронавирусот затоа сите пратеници треба да покажат одговорност и заедно да ги усвојат измените и дополнувањата на Буџетот.
Со ребалансот се предвидени 243 милиони денари што Владата ги издвои за здравството и ќе бидат распределени за набавка на лекот Ремдесивир, како и за набавка на вакцини и тестови за ковид 19.
Тука се вклучени и средства во висина од 54 милиони денари за награда на сите здравствени работници кои се вклучени во третманот на пациентите заболени од корона вирусот.
Со измените и дополнувањата на Буџетот за 2020 се обезбедува и поддршка за справување со економските последици преку реализација на четвртиот пакет антикризни мерки.
Предвидени се 70 милиони евра за субвенционирање на плати за 83.000 вработени за месеците октомври, ноември и декември, а 27,6 милиони евра ќе се обезбедат за домашни платежни картички од по 6.000 денари за 283.000 граѓани.
СДСМ како одговорна партија е посветенa на мерките и политиките што носат поголема грижа за јавното здравје, за секој граѓанин, за секоја компанија погодени од кризата.