Станковски: Меѓусебното разбирање е основа на решавање на проблемите

Ѓорѓи Станковски, од Обединети за Македонија, имаше онлајн состанок со раководителот на претставништвото на Европските конзервативци и реформатори за Бугарија – Кристијан Шкварек.
Главна тема на разговорот беа односите меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, прашањето за можното вето од страна на Бугарија и дискусија за наоѓање на решенија за надминување на сегашната ситуација.
Стана збор и за соработката меѓу ЕКР и Обединети за Македонија и десните политики за иднината на Европа, како и за евроинтерграцијата на Западен Балкан.
Иако ставовите се различни, истакнато е во разговорот во врска со надминувањето на спорот, комуникацијата меѓу двете држави и меѓусебното разбирање остануваат основни темели за решавање на проблемите.
Треба да знаете
Последни објави