Меси побарал Сетиен да покаже почит, тренерот му ја покажал вратата

Шпанската „Марка” раскажа за конфликтот на поранешниот тренер на фудбалскиот гигант  Барселона, Кике Сетиен со капитенот на тимот Лионел Меси. На 27 јуни Барса ремизираше во Ла Лига со Селта (2:2), по што Сетиен остро ги критикуваше играчите во соблекувалната.

Меси побарал тренерот да покаже почит кон играчите кои освоија повеќе трофеи од него.

-Ако не ви се допаѓаат моите зборови, ете ви ја вратата, одговорил Сетиен.

На ова, Аргентинецот само се насмевнал како одговор. Сетиен ја презеде Барселона во текот на минатата сезона, не освои ниту еден трофеј и беше разрешен. Роналд Куман ја презеде функцијата тренер на каталонскиот фудбалски гигант.

Треба да знаете
Последни објави