Во рамките од 3. коло во групите од фудбалската Лига на шампионите денеска ќе се одиграат осум натпреаври од групите А,Б,Ц и Д. Преостанатите осум средби од другите четири групи се закажани за утре.
Воведните мечеви од денешната трета рунда ќе се одиграат во Русија и Украина, каде Локомотив во Москва ќе го пречека Атлетико Мадрид, а Шахтјор ќе ѝ биде домаќин на Борусија Дортмунд.
Дерби на колото ќе биде пресметката во Мадрид, каде најтрофејниот со европски круни Реал ќе го пречека италјанскиот Интер.
Локомотив и Атлетико, беа ривали во Лигата на шампионите и минатата сезона. Двата натпревари завршија со победа на „јорганџиите“ од 2:0. Локомотив има еден бод, Атлетико три по првите две рунди. Рускиот тим се наоѓа во серија од три порази, сите со резултат 2:1, додека Атлетико има три победи во низа.
Актулениот првак на Европа, Баерн, во вториот меч од групата ќе гостува во Салцбург. Баерн има осум победи во низа и според формата е апсолутен фаворит во Австрија.
Група А:
Локомотив Москва-Атлетико Мадрид (18.55 ч.)
Салцбург-Баерн Минхен (21.00 ч.)
Табела: Баерн 6 бода, Атлетико 3, Салцбург 1, Локомотив 1
Дербито на коло, кое воедно ќе биде и борба за опстанок, во Б-групата ќе го одиграат Реал и Интер. „Кралскиот клуб“ има само еден бод, Интер два, по првите две рунди. Поразениот од овој натпревар значително ќе си ги намали шансите за пласман во нокаут-фазата.
Реал ќе биде без Милитао кој е во самоизолација поради инфицираност од коронавирусот како и Карвахал, Начо и Одегард кои се повредени.
Проблем има и Интер, во Мадрид ќе играат без својот најдобар стрелец, Ромелу Лукаку.
Последне пат Реал и Интер се сретнале во 2013 година, Интер победи во Милано со 3:1, а Реал во Мадрид со 2:0.
Во вториот меч од оваа група ќе играат Шахтјор и Борусија Менхенгладбах. Украинските шампиони со евентуална победа ќе бидат многу блиску до пласман во нокаут-рундата.
Група Б:
Шахтјор-Борусија (18.55 ч.)
Реал-Интер (21.00 ч.)
Табела: Шахтјор 4 бода, Интер 2, Борусија 2, Реал 1
Во Ц-групата, апсолутниот фаворит Манчестер сити уште вечерва може да заврши голема работа околу пласманот во нокаут-фазата. Сити со две победи по првите две рунди го пречекува Олимпијакос. Во вториот натпревар во групата Порто ќе игра против Марсеј.
Група Ц:
Манчестер сити-Олимпијакос (21.00 ч.)
Порт-Марсеј (21.00 ч.)
Табела: Манчестер сити 6 бода, Порто 3, Олимпијакос 3, Марсеј 0
Англискиот првак Ливерпул гостува во Бергамо, кај Аталанта. Ова е еден од дерби дуелите во оваа рунда. Ливерпул има две победи во групата, додека Аталанта има победа и реми.
Јирген Клоп не може да смета на Ван Дајк, Фабињо и Оклслејд-Чембрлен, додека Џанпјеро Гасперини ќе биде без Толој, Госенс, Калдара, Де Рон.
Ливерпул е во серија од четири победи, додека Аталанта има само еден триумф на последните три натпревари.
Ајакс, соочен со големи проблеми, гостува во Митјиланд. Неколку играчи на Ајакс имаа позитивни тестови, за некои од нив се покажа дека тестовите биле лажни. Поради тоа Тадиќ, Онана и Гравенберч дополнително доцна синоќа отпатувале за Данска. Ајакс во Данска атакува на првата победа во Лигата на шампионите оваа сезона.
Група Д:
Митјиланд-Ајакс (21.00 ч.)
Аталанта-Ливерпул (21.00 ч.)
Табела: Ливерпул 6 бода, Аталанта 4, Ајакс 1, Митјиланд 0