Од кои спортови ќе имате најголема полза? Huawei Watch GT 2 Pro е совршен придружник за сите!

Бурните времиња не треба да ја намалат физичката активност, туку треба да нѐ мотивираат да вежбаме, или да започнеме со вежбање. На крајот на краиштата, не се работи само за нашиот изглед, туку и за целокупното здравје и благосостојба. Без разлика на тоа дали претпочитате да вежбате дома, да тренирате на отворено или во теретана, HUAWEI WATCH GT 2 Pro го збогатува искуството и поддржува над 100 спортски режими за следење на вашиот напредок. Како да одберете физичка активност која е за вас? Физичката активност е добра за целокупната состојба на човекот, го намалува крвниот притисок, ја подобрува циркулацијата, согорува калории и на долг рок, го продолжува животот. Освен подобрување на здравјето, спортот може да биде и метод на саморазвивање, хоби, па и начин за зголемување на кругот на пријатели. И покрај сите придобивки, сепак многу луѓе се борат да ја пронајдат или одржат мотивацијата подолго време. Причина за ова е несоодветна активност. Како да одберете активност што е најдобра?

Кога станува збор за спорт, имајте предвид неколку критериуми:

  • Дали сте тимски играч?

Тимските спортови (одбојка, фудбал, кошарка и сл.) бараат соработка, комуникација, а понекогаш и лидерски способности. Некои активности, како што е фитнесот, може да се изведуваат во група, но секој член е индивидуална личност која не зависи од другите. Од друга страна, можеби ќе се чувствувате најдобро трчајќи во паркот, сами.

  • Кој е вашиот тип на тело и колку може да издржи?

Како аматер можете да спортувате што сакате, но мора да најдете некои активности посоодветни за вашето тело. Ако сте ниски, можеби кошарката нема да биде вашиот прв избор. Сепак, ако тоа е вашиот сон, не се откажувајте, можете да бидете прилично добри и запомнете дека еден од најпознатите професионалци во кошарката беше висок само 158 см.

Исто така, земете ја предвид вашата издржливост на болка. Дали преоптоварувањето на мускулите или забрзаното дишењето е проблем за вас? Дали е проблем ако некој со, на пример топка, ненамерно ве удри? Доколку паднете на некаков вид површина, трева на фудбалски терен, терен за кошарка, меки татами во боречки вештини? Дали контактот со телата на другите учесници може да биде непријатен?

  • Каков буџет имате?

Некои спортови бараат специјализирана опрема или специфични локации, додека други имаат минимални барања за практикување на истиот (тренерки, обувки, членство). Меѓутоа, ако спортот од соништата бара дополнителни трошоци, можете да заштедите ако наместо нова опрема, одлучите да купите половна или да ја изнајмите. 

Трчајте за вашето здравје

Трчањето е една од најпопуларните активности во денешно време. Трчањето го стимулира и зајакнува кардиоваскуларниот систем. Луѓето кои редовно трчаат покажале 30% помал ризик на кардио-васкуларни проблеми. Ова важи и за оние кои трчале помалку и од 50 минути неделно, така што не мора да бидете маратонец. Трчањето е исто така добар начин за ослободување од стресот и ќе ви помогне да изгубите тежина.

Huawei Watch GT 2 Pro доаѓа со над 10 различни, научно дизајнирани, професионални курсеви за трчање за да ве насочи во вистинската насока.

Роден за играње голф

Иако голфот можеби се смета за спорт на високата класа, голфот е спорт за секого, а бројот на терени за голф во светот сѐ повеќе расте! Тоа го прави полека достапен за секој што има барем малку желба да земе голф палка во рака. За овој спорт потребно е интензивно аеробно движење, а тоа го намалува ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар.

Нека паѓа снег

Зимата доаѓа, па ако сте љубител на зимските спортови, скијањето или бордањето е за вас! Она што вреди да се посочи е новиот режим за скијање на HUAWEI WATCH GT 2 Pro кој може да ги следи просечните мерења на брзина, далечина, траекторија на скијање/бордање, кумулативно спуштање, максимален пад, отчукувања на срцето, сатурација на кислород во крвта и многу повеќе. Со гласовно известување, паметниот часовник ве потсетува за правилното држење на телото додека сте на снегот.

Теретана, без теретана!

Последно, но не и најмалку важно, е теретана. На отворено. Можеби не сте професионален спортист, но ако го цените здравиот начин на живот, сакате да изгледате одлично и да се обидете да поминете повеќе време надвор, постојат различни активности за тренирање што ќе ви помогнат да ги добиете посакуваните резултати.

Помалку драма, повеќе јога

Јогата им овозможува на телото и умот да се релаксираат, затоа е идеална за оние кои имаат стресна работа и живеат во постојано движење. Благодарение на неа, вашето тело ќе стане посилно и еластично, што го прави помалку подложно на повреди. Згора на тоа, редовната активност ќе ја подобри вашата фигура, па дури и ќе го поправи вашето неправилно држење. Асаните се изведуваат со намерно издолжување на ‘рбетот, што го зголемува растојанието помеѓу пршлените и го намалува притисокот врз дисковите.

Без оглед што ќе одберете или колку различни активности ќе пробате, секој пат кога вежбате, HUAWEI WATCH GT 2 Pro ќе ја следи вашата активност, ќе собира податоци и ќе ве советува кога повторно да вежбате. Овој најамбициозен претставник на Watch GT серијата на Huawei, вклучува 100+ режими за тренинг, вклучително и 2 сосема нови – голф и скијање, кои ќе ви помогнат да го следите вашиот напредок и да се подобрите.

HUAWEI WATCH GT 2 Pro го следи ритамот на срцето, заситеноста на кислород во крвта, квалитетот на спиењето и нивото на стрес, така што ќе можете лесно да го следите вашето здравје, па дури и да ги зајакнувате своите перформанси преку персонализирани совети што се прикажуваат на уредот. Часовникот има долг век на траење на батеријата од цели две недели, така што ништо нема да ве спречи да спортувате.

Пилатес, тенис, танцување, скијање, боречки вештини, екстремни спортови, возење велосипед, боди-билдинг, јавање коњ, аеробик – HUAWEI WATCH GT 2 Pro е совршен придружник за сите!​

 

Треба да знаете
Последни објави