Соопштение за јавност – реакција на прес-конференција на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ во континуитет шири лажни вести и конструкции како на централно така и на локално ниво. Се поочигледен е стравот од извесниот пораз на предвремените локални избори во Штип. Во работата на еден од најдобрите градоначалници, Благој Бочварски нема ништо незаконско.
Ако ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека има какво било незаконско постапување нека поднесе пријави до надлежните институции, наместо да одржуваат празни прес-конференции, кои очигледно ќе им служат како алиби за поразот што ги очекува на предвремените локални изброи во Штип.
Изнесени лаги портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, очигледно ќе мора да ги докажува пред надлежен суд.