Влада која е на се ЌЕ направи”, а ништо не направи остана само ЌЕ , “но и опозиција предводена од ВМРО ДПМНЕ и од Христијан Мицкоски е дупло ЌЕ ЌЕ направи И НИШТО НЕ НАПРАВИ НИ ПРАВИ”
Почитувани поминаа 7 дена откако одржав прес конференција пред централниот штаб на ВМРО ДПМЕН со повик до Христијан Мицковски и раководството на ВМРО ДПМНЕ за партиско и сенационално обединување, повик за сериозност и партиско лидерство на Христијан Мицкоски.
Не одговорот во овие 7 дена да се направи барем прв поголем чекор напред кон партиско и сенационално обединување и повикување на масовен протест за рушење на оваа ненародна влада и СДСМ повлекува одговорност и на Христијан Мицковски и на целото партиско раководство на ВМРО ДПМНЕ.
Квази лидерството на Христијан Мицковски во ВМРО ДПМНЕ во последните три години од 2017 година па се до ден денес, доведе да Република Македонија го загуби името, јазикот, идентитетот, како и да се доведе до ситуација да на Македонскиот народ му биде избришана сета негова вековна призната историја , а притоа Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ под негово раководење да не превзема буквално ништо, нити еден протест против сето ова кое е најсвето за МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, нити било каков отпорпротив распродажбата на македонските национални интереси, ни збор против преспанскиот договор и штетниот договор за добрососедство со Бугарија.
Во овие три години на квази лидрество на Христијан Мицкоски, на Македонија и се случи двојазичност, затварање на уставобранителите, монтирани судски случаи, и нивни осуди на по 10-15-20 години затворски казни, непочит кон нив и нивните семејства непочит кон се што е МАКЕДОНСКО.
МАКЕДОНЦИТЕ ОСТАНАА БЕЗ ИМЕ, ЈАЗИК, СВОЈА ИСТОРИЈА, ИДЕНТИТЕТ, што се треба да направи оваа ненародна влада на СДСМ за да Христијан Мицкоски се разбуди од тригодишниот сон?!
Слабата посетеност на таканаречените протести на опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ која ги прави овие протести за помалку битни теми од распродажбата на националните интереси ја прави оваа ненародна влада на СДСМ да биде комотна и без страв, нити да почуствува сериозност за нејзино загрозување на власта.
Го повикувам Христијан Мицкоски веднаш без одлагање уште денес да ги повика пратениците на ВМРО ДПМНЕ но и сите пратеници кои ја сакаат Република Македонија и својот народ да го напуштат собранието на Република Македонија, и веднаш без одлагање уште денес да го повика партиското членство на ВМРО ДПМНЕ но и сите граѓани на Република Македонија на масовни протести против оваа ненародна власт на СДСМ, со барање за итни неопдложни брзи парламентарни избори со јасни ставови и граници, за да се спаси тоа што може да го спасиме, што оваа ненародна влада на СДСМ го прави со распродавање на националните интереси и се што е македонско без да го има тој легитимитет и право, тоа го прави на штета на Република Македонија.
Оваа ненародна влада на СДСМ и Зоран Заев во нивното катастрофално тригодишно владеење ја уништи целата економија во Република Македонија, со огромна презадолженост, зголемување на невработеноста и вработување само на партиски кадри, скандалозно трошење на европските и сведски фондови и пари за обука на “магариња “ фризери, а за штета и сметка на граѓаните на Република Македонија .
На Зоран Заев и оваа ненародна власт не треба да и дозволиме да направат попис на населението по нарачка на некои туѓи интереси, бидејќи тоа ќе биде последниот удар за Македонската државност и македонскиот народ и нација.
Неспособноста на власта да се справи со пандемијата ковид 19, но немањето на идеја ни кај опозицијата за заедничко решавање на овој национален проблем, бара итно и неодложно формирање на кординативно тело независно од оваа ненародна влада и неефикасна опозиција, кое ќе биде составено од експерти кои ќе ја контролираат состојбата независно од власта и опозицијата за решавање на овој национален проблем, кој не познава партија, вера, нација, етничка верска или друга припадност.
Христијан Мицкоски, те повикувам итно уште денес, да повикаш на партиско и национално обединување, уште денес да се повика членството, пратениците, и целиот народ против оваа ненародна влада на СДСМ на масовен собир пред владата на Република Македонија и веднаш да се постават ЦРВЕНИ ЛИНИИ ОД КОИ НЕМА НАЗАД, да се побара отповикување на преспанскиот договор кој е склучен на наезконит начин и ратификуван од собрание кое е незаконито избрано, и итно отповикување на штетниот договор со Бугарија, итно и неодложно отповикување на сите членови на незаконски формираната комисија за преиспитување на Македонската национална историја, на која комисија никој не им дал такво право , бидејќи и оваа нанародна Влада на СДСМ и сите пратеници, се избрани да ги нштитат националните интереси на Република МАкедонија и македонскиот народ а не да ги распродаваат, такво право НИКОЈ НЕ ИМ ДАЛ.
И конечно ако се уште не е разбуден Христијан Мицковски после тригодишниот сон барам ако сето ова не го превземе веднаш, ДА СИ ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА бидејќи со ништо не покажа лидерство во ВМРО ДПМНЕ и со ништо не ја заштити Република Македонија