Отповикани одморите на медицинскиот персонал во Грција

Годишните одмори на вработените во сите здравствени институции во Грција, се отповикани со одлука на министерот за здравство Василис Кикиљас.

Според одлуката, што ја објавија грчките медиуми, согласно соодветните одредби, меѓу кои и онаа за справување со вонредни потреби, одлучено е, на неодредено време да се отповикаат одморите на вработените во централната служба во Министерството за здравство, во државните болници, во итната помош, во Националната организација за јавно здравје, Националните крводарителни центри, во здравствените центри, регионалните ординации и така натаму.

Треба да знаете
Последни објави