Во последните 24 часа во Србија се потврдени 1.878 новозаболени лица од коронавирус, што е нов рекорд во земјата. Тестирани се 10.262 лица.
Единаесет лица починаа, што е најголема бројка на починати од јули. На 19 јули тие имаа 13 смртни случаи, што е најголем број на смртни случаи во Србија досега.
Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, 49 пациенти се приклучени на респираторни машини во болниците низ Србија.
Српските епидемиолози очекуваат најсилен удар на коронавирусот во следните десет дена.