Не е исклучено и тоа, врз основа на она што го гледаме во сите европски земји, вели портпаролот на грчката Влада Стелиос Пеца за грчката телевизија „Скај” во однос на тоа колку е веројатно во целата земја да се примени моделот од Солун односно во Грција да се воведе целосен карантин.
– Секогаш треба да бидеме подготвени и за најдоброто и за најлошото сценарио. Според тоа, се подготвуваме и за најлошото сценарио, објасни Пецас и додаде дека сѐ ќе зависи од епидемиолошките податоци.
Паралелно рече дека ако сите се придржуваат со мерките, тогаш може ситуацијата да биде пооптимистичка во декември.
Но, истакна дека во спротивно, односно ако нема почитување на правилата, тогаш наместо да олабавување, ќе има дополнителни рестрикции.