Тренерот на Барселона, Роналд Куман ги коментираше неодамнешните зборови на поранешниот тренер на каталонскиот клуб, Кике Сетиен за капитенот Лионел Меси.
Сетиен има кажано дека Меси е „тежок за работа”, а исто така рече дека Аргентинецот „го терал да види што сака”.
– Треба да ги почитуваме мислењата на другите луѓе. Мислам дека Лео е најдобар во светот. Неговата амбиција и карактер ги гледам како кај победник секој ден. Ова не е играч на кој му е тешко да покаже лидерски квалитети, ова е вистински капитен. Секоја недела разговарам со него што се случува на теренот и во соблекувалната за да се одржат добрите односи. Не се согласувам со него (Сетиен), но го почитувам неговото искуство, додаде Куман.