Зоран Заев во вечерашното гостување во вестите на телевизија Сител рече дека ќе се направи анализа за тоа за колку пари може да се продаде Мерцедесот кој го набави владата на Никола Груевски. Доколку не се исплати, тогаш нема да се продава.
-Ние сега откако завршија сите судски процеси треба да направиме вештачење, да видиме колку пари ќе се понудат. Ако се покаже дека не вреди да се продава, тогаш нема да го продаваме. Ќе остане за странски делегации. Јас дефинитнвно нема да се качам во него, но за делегациите врши работа, рече Заев.