Заев: Здравствените работници ќе добијат две плати

Се однесуваме како земјите членки на ЕУ и земјите од регионот. Не влегуваме во екстреми. Претпоставка е дека ако се донесе карантин, тој може да ги намали малку КОВИД бројките, само за периодот додека трае, но штом се укине пак ќе се зголемат. Затоа треба да бидеме навистина внимателни, рече вечерва премиерот Зоран Заев.

Во гостување на ТВ Сител, Заев рече дека не се прави ништо што не е неопходно во делот на мерките и дека Владата се труди економијата да ја држи жива.

Најави дека веднаш по усвојувањето на ребалансот на Буџетот, здравстевните работници ќе добијат две плати, но и понатаму ќе бидат нагрaдувани зашто тие се директно на браникот и работат со КОВИД – пациентите.

Премиерот истакна и дека граѓаните генерално ги почитуваат заштитните мерки, но добро е, рече, и тоа што веќе скоро сите se плашат и сериозно го имаат сфатено вирусот.

-Најмногу се шири вирусот од групирањето и неносењето маски. Препораката што ја дадовме денеска, да не се излегува по 21 часот освен во исклучителни случаи, е сериозна. Но, гледаме дека граѓаните до 95 отсто носат маски, се придржуваат до мерките. На тоа сé влијае, и казните, и бројките на заразени, но најмногу стравот. Законот дава можност за сериозни казни, но исплашени сме сите. И јас сум исто така исплашен, имам семејство, деца, возрасни родители. Овој страв нека ни остане за да внимаваме, рече Заев.

Спорeд него, главниот проблем се лекарите и медицинските сестри кои се истоштени зашто ова трае.

-Сите извештаи, и од болниците и од министерот, покажуваат дека се води јуначка борба, не смееме да заборавиме дека овие луѓе мораме да ги наградиме. Затоа ќе делиме две плати на сите здравствени работници кои работат со КОВИД и тоа е веќе во ребалансот. Денеска се очекуваше да помине, не сум гледал во Парламентот. Ако е завршена работа, веднаш ќе им ги исплатиме двете плати. Треба да покажеме внимание кон нив, да им дадеме и други награди, зашто тие работат директно со пациентите, напомена Заев.

На парашањето дали можеби државата ноншалантно се однесувала за време на летото, премиерот потенцира дека не смее на децата да им се скрати правото на одмор. Сега, рече, обезбедени се условите за комбинирана настава и се прилагодуваат врз основа на корона ситуацијата.

Заев рече и дека КОВИД болници се обезбедуваат онаму каде што има дотур на кислород зашто тоа е најважниот услов, а спортските сали или некои други објекти се скоро истоветни со домашните услови на лекување.

Во контекст на последната мерка според која угостителските објекти ќе работат до 21 часот, Заев се осврна и на казината и спортските кладилници. Рече дека и за нив важи забраната за групирање поради што главно не работат зашто нема луѓе.

-Кога мислиме на казината повеќе мислиме на спортските кладилници. Забраната за групирање тука е важечка уште пред денешните мерки. Ако може некој ресторан или кафуле по 21 часот да работи со диливери, може да работи. Не правиме ништо што не е неопходно во делот на мерките. Се трдумие економијата да ја држиме жива, подвлече премиерот.

Заев во гостувањето напомена дека принципот на бележење на граѓаните кои починале од КОВИД е истиот, од почеток до крај. – Никој не знае дека во првите пет месеци од 2019 година починале 9.300 луѓе, а во првите пет месеци од 2020-та починале 8.300 што е 10 отсто помалку. Ги бележиме професионално. Дури и ако се констатира КОВИД посмртно, се бележи, објасни Заев.

Треба да знаете
Последни објави