Една од компаниите на Заеви ќе донира возило за струмичката болница

Една од компаниите на семејството Заеви ќе донира возило на струмичката болница. Возилото е веќе нарачано, соопшти премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување во вестите на Сител.

-Јас лично не сум знаел дека Струмичката болница нема возило. Директорот пријавил до службите, но тие не пренеле ни до мене, ниту до министерот Филипче. Една од компаниите на Заеви ќе донира возилото. Веќе е нарачано и се чека да помине царина. Очекувам да пристигне до крајот на неделата. Луѓе коментираат Заеви нека ги продадат автомобилите, нека набават возило. Еве, ако треба и ќе продадеме, вели Заев.

Извор: Фокус

Треба да знаете
Последни објави