Мицкоски: Нема преговарање за корените на македонскиот јазик

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вонредно обраќање до јавноста, соопшти дека сето тоа што го говорел дека постои барање за Анекс на Договорот за добрососедство со Бугарија, било потврдено денес од бугарскиот вицепремиер, Красимир Каракачанов.

„Тој денес потврди дека е потребен нов анекс на Договорот, во кој ќе бидат вклучени максималистичките и неевропски барања, кои беа содржани во Меморандумот на Бугарија. Предупредив за ова, но власта не се грижеше воопшто“, вели Мицкоски.

Тој побара обединување на македонската нација по ова прашање.

„Нема преговарање за корените на македонскиот јазик и ги предупредувам егзибиционистите во оваа влада да не се дрзнуваат да прифаќаат ултиматуми кои што не се европски“, потенцира Мицкоски.

Треба да знаете
Последни објави