Во раните претпладневни часови во источните делови ќе биде значително облачно, а во текот на денот насекаде сончево со умерена облачност. Кон крајот на денот ќе настапи повторно зголемување на облачноста, а во текот на ноќта почнувајќи од југоисточните подрачја ќе има врнежи од дожд.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21 степен.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Кон крајот на денот ќе има зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.