Американскиот Стејт департмент одобри продажба на четири многу софистицирани беспилотни летала на Тајван и ги испрати во Конгресот за потврда, соопшти Пентагон.
Договорот вреден 600 милиони долари, кој според американските медиуми ќе предизвика гнев кај Кина, ќе биде прва продажба на воена опрема од ваков вид откако администрацијата на претседателот Доналд Трамп ги олесни условите за продажба на софистицирана и внимателно заштитена воена технологија.
Во последните неколку недели САД започнаа постапка за продажба на уште воена опрема во вкупна вредност од пет милијарди долари.