Заев и Филипче се најголемата катастрофа за граѓаните!

Зоран Заев и неговиот министер Венко Филипче освен што рушат црни рекорди и ги лажат граѓаните, не знаат ништо да направат.

Иако бројката на активни случаи е речиси 12 илјади, а на починати надмина илјада, Заев и Филипче освен што доцнат со мерките, спроведуваат и многу површни мерки или колку да не е без ич.

Знае ли Заев дека како последица на неговите лоши владини политики, како и лоши политики на политичката Комисија за зарзани болести резултат се полните болнички капацитети.

Знае ли Заев и надлежните во Владата меѓу кои и Филипче дека снемува и реагенси по лабораториите и граѓаните не можат да направат тестови.

По толку катастрофални резултати од нивното работење едно е јасно, мерката е едноставна оставка на Филипче.

Се додека Заев ја води Владата, а Филипче клучното министерство на граѓаните ништо нема да им помогне.

Заев и Филипче граѓаните ги оставија сами на себе.

Треба да знаете
Последни објави