– Владата го утврди Предлог-законот за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од КОВИД- 19 врз производството, откупот на грозје и винската индустрија.
Со законот се утврдува постапката и процедурата на доделување финансиски средства за намалување на последиците од КОВИД -19 за производителите на грозје, но и во винскиот сектор.
Овие решенија се дел од четвртиот пакет анти-ковид мерки.
На вчерашната седница беше утврден и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште чија цел е доуредување на постојните законски одредби и воведување нови решенија за рационално користење на земјоделското земјиште и негова заштита.
Со предложениот текст се воведуваат нови поими и се доуредуваат одредени постапки.
Предлог-законот се заснова на истите начела на кои е базиран и Законот за земјоделското земјиште