Филиповски е новиот тренер на белградски Партизан

Нов предводник на кошаркарскиот клуб  Партизан од Белград е Македонецот Сашо Филиповски, кој долги години работеше во Словенија. Според српските медиуми со новиот тренер во Партизан ќе пристигнат и неколку нови кошаркари.

Првиот човек на Партизан Остоја Мијаиловиќ специјално заминал во Љубљана за лично да се договори со Филиповски кој по кратко размислување сепак ја прифатил понудата на балсканскиот кошаркарки гигант.

Филиповски инаку е млад но веќе докажан тренер кој во кариерата бил предводник на Олимија, Рома, Монако,Туров, Локомотива Ростов, Банвит и неколку други клубови. До крајот на неделава Филиповски се очекува да пристигне во Белград и да биде официјално промовиран во тренер на Партизан.

Словенечкиот тренер со македонско потекло Сашо Филиповски по заминувањето на Владо Шчепановиќ беше првиот пик на „црно- белите“. Во последните неколку години во стручниот штаб на Филиповски, редовно беше и Македонецот Боби Митев.

Треба да знаете
Последни објави