САД официјално се повлекоа од Парискиот договор за борба против климатските промени

САД денеска и официјално сеповлекоа од Парискиот договор за бороба против климатските промени, точно една година откако администрацијата на претседателот Доналд Трам ги извести Обединети нации за тоа.

САД, најголемата светска економија и втора земја, по Кина, по емисиите на гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина, е прва држава која се повлекува од Парискиот договор, што беше потпишан во 2015 година од речиси сите земји.

Таквиот потег ја доведува администрацијата на Трамп во судир со сите сојузници и главните опоненти за прашањето на климатските промени.

Трамп ги повлече и сите еколошки прописи, истакнувајќи оти тие го кочат бизнисот и овозможуваат предност на другите држави. Тој повеќе пати ги оспоруваше научните факти за климатските промени.

Трамп првпат најави повлекување од Парискиот договор на САД во2017 година.

Треба да знаете
Последни објави